СДСМ се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи, а тие не успеаја на време ниту да ги довршат, ниту пак да ги отворат.
Ова се истакнува во реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со денешното соопштение на владејачкиот СДСМ. Истото го објавуваме во целост:
Очајноста на СДСМ се повеќе се забележува.
Од ден на ден СДСМ се повеќе се вплеткува во нови лаги во кои ниту мало дете веќе не им верува.
СДСМ и Зоран Заев ништо не изградија за доброто на граѓаните. СДСМ и Зоран Заев единствено го унапредија криминалот и корупцијата.
Граѓаните многу добро знаат дека во време на пандемијата КОВИД владата не успеа да го организира процесот на работа во градинките за да се опфатат што поголем број на деца, а мајките губат работа или самите даваат отказ за да ги чуваат своите деца.
СДСМ се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи, а тие не успеаја на време ниту да ги довршат, ниту пак да ги отворат.
За помалку од 8 години ВМРО-ДПМНЕ изгради 70 градинки низ цела Македонија.
СДСМ и Зоран Заев се што допреа уништија, нивната неспособност ја уназади Македонија во секое поле.
Нема полошо од СДСМ за Македонија.
Време е за Македонија за сите луѓе.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ