Во ВМРО-ДПМНЕ се уште го чекаме текстот на Декларацијата за Илинден којашто СДС ја најави пред речиси цел месец, во насока на заштита на државните интереси и значењето на Илинден за Македонија и македонскиот народ.Декларацијата СДС ја најави пред прославата на Илинден, а оттогаш има само молк и за неа и за ставовите искажани од Софија за Илинден, одогооври Наум Стоилковски на новинарско прашање на денешната прес конференција.
И оттука прашуваме дали СДС по најавата им е забрането или се исплашија и да состават Декларација со таква содржина или пак се исплашија самоцензурираа, и со тоа ја излажаа македонската и меѓународната јавност ?Во оваа насока, го чекаме прво текстот на Декларацијата за Илинден најавен од СДС пред еден месец. Како сериозна партија очекуваме официјален допис, истакна Стоилковски.