ДУИ продолжува со манипулации и со злоупотреба на меѓуетничките односи за да ја прикрие вистината – дека нивното место во опозиција е резултат на демократската одлука на граѓаните.
Изјавите на премиерот Мицкоски не се закана, туку потврда дека Македонија влегува во нова ера на еднаквост и правда, каде што нема недопирливи и привилегирани.
Она што ДУИ го нарекува „поттик за етнички судир“ е всушност крајот на нивното 20-годишно владеење со корупција, клиентелизам и злоупотреба на етничката карта за лични привилегии.
Секој граѓанин – Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Влав, Ром или Бошњак – заслужува држава со силни институции и еднакви можности. Тоа е патот по кој Владата чекори.
ДУИ треба да разбере: демократијата значи почитување на волјата на народот. А волјата на народот е тие да седат во опозиција.