Ја разбираме нервозата на владиниот кабинет на Заев, нивната жолчност и фрустрација, и како не би биле што на толку милиони потрошени за ПР кампањи не успеваат да ја сокријат реалноста, но вистината не треба да ги навредува. А тоа е дека 1136 починати, 39760 заразени, над 40 илјади отпуштени од работа, долг од 2 милијарди евра и вето од Бугарија.
Веројатно ова соопштение формално потпишано од Порта Македонија е пишувано од оние кои наредија нејзино сквернавање, цртање и бојадисување. Денес им пречи вистината со семафорот кое беше ветување на Заев. Семафорот на Порта Македонија е реализација на ветувањето на Заев, а за содржината на него е заслужен лично тој.
Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ