Несодржајните и клеветнички прес конференции на СДС за време на најтешкиот ден во Христијанството Велики Петок говорат за очајот во партијата соочени со сериозни обвиненија за криминал и непочитта кон овој празник и вернициите, реагиаат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Година и пол по одржаните локални избори се уште го чекаме отчетот на градоначалниците на СДС бидејќи за цел овој период ниту еден од нив нема отчет, затоа што и немаат со што да се пофалат.
Од друга страна ја разбираме задачата на дежурниот во СДС да ја оправда Данела Арсовска која е во неформална коалиција со власта и дека сложни криминалци и во петок мрсат, но вистината едека и СДС и Арсовска треба да се извинат што го клеветаа и ВМРО-ДПМНЕ, Претседателот Мицкоски и поранешниот директор на Водовод Перински за договорот за пречистителна станица кој истиот Арсовска и Владата го потпишаа“ – се наведува во партиското соопштение.
„Оттука имајќи ја во предвид целата соработка на СДС и Арсовска во градот Скопје, срамот на Арсовска од неработата и неспособноста припаѓа на тие кои ја поддржуваат, а тоа се СДС, ДУИ и партијата на македонскиот Енвер Хоџа Апасиев, Левица.
Што се однесува за Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ тие за година и пол имаат повеќе проекти сработено од сите градоначалници на СДС и цела Влада заедно, со сите опструкции, и кочења кои ги имаат од централната власт.
На крај, јасно ни е дека Васко Кичевски е жртвеното јагне на СДС, но тој млад господин нека се спреми за отчет за својата улога во набавката на софтверот за смс пораки во Паркинзи Центар додека беше одговорен во оваа институција за кој постојат основани сомневања дека е криминален“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.