ВМРО-ДПМНЕ испрати честитка за изборот до новиот претседател на САД, Џо Бајден:
Посакуваме многу успеси, плодна работа и истрајност во борбата против глобалните предизвици. Се надеваме дека политиките на меѓународно поле ќе донесат мир и стабилност и ќе го обезбедат толку посакуваниот просперитет на секаде во светот, но и во нашиот регион.
Светот минува низ тежок период, можеби најтежок по Втората светска војна, затоа потребни се одлучност, крупни чекори и промени. Секој поединечно може да направи добри работи, но сите заедно и обединети во нашите заеднички цели можеме да постигнеме големи дела – се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.