Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата одговорно тврди дека сите одлуки предложени од страна на Арсовска до Советот врзани со Комунална хигиена се прифатени и гласани од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелираме да каже која одлука врзана со тековното работење на Комунална хигиена не е изгласана од советниците?

Тезата на Арсовска дека овој проблем е намерно создаден е површна, неточна и нелогична: зошто ВМРО-ДПМНЕ во сред изборна кампања би го ставило Скопје во ѓубре, ако се знае дека товарот и негативата ќе одат на сметка на ВМРО-ДПМНЕ?

Арсовска треба да одговори зошто не се собира ѓубре? Што се прави со парите кои граѓаните уредно ги плаќаат?

Апелираме да се испита и кривичната одговорност на надлежните за ваквиот хаос од кој страдаат скопјани.

Ова го прави некој што сака да наштети на ВМРО-ДПМНЕ во изборна кампања, а тоа е тајната коалиција која ја поддржуваше Арсовска и ја раководеше четири години.

Ќе дојде крајот на ова, и ќе има одговорност.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ