СДС да не заборава дека судиите и обвинителите се истите тие кои они ги донесоа од тефтерите на бироата во Зајас и Муртино.
Заврши времето на „овој ми е брат“ или „од партија е не го чепкај“, сега секој еден без разлика на партиска, верска или етничка припадност, ќе си одговара за одредена работа доколку има докази за истото.
Повторно СДС растура пердуви и секој ден пресовите им се на база на тоа, кој ќе напише полош текст – истиот да се објави.
Го повикуваме обвинителството да го провери случајот, а доколку испадне дека нема вистина во истото, СДС јавно да се извини.