ВМРО-ДПМНЕ свика средби на Централниот и Извршниот комитет за да одлучи каков став ќе заземе референдумот.
Многу веројатно е дека Христијан Мицкоски нема да излезе со конкретни повици “за“ или “против” референдумот. Потенцијалната одлука на ВМРО, која се очекува да се официјализира, ако не денеска, тогаш во наредните денови, ќе биде граѓаните да постапат по сопствено убедување.
Во моментов во тек е Извршниот комитет на партијата, а потоа ќе се одржи Централен комитет кој ќе треба да ја потврди одлуката. Се очекува вечерва партијата да го соопшти донесениот став, а според неофицијалните информации се дискутира за сите можни опции.