ВМРО-ДПМНЕ: Веста на провладиниот „Фронтлајн“ е лажна, ги почитуваме препораките на СЗО

/ 17.03.2020

Во врска со написот и текстот објавен на провладиниот поратл „Фронтлајн“, „Челниците на ВМРО-ДПМНЕ слават роденден, спротивно на препораките за заштита од корона вирусот”, од партијата испраќаат демант кој можете да го прочитате во продолжение:

„Нема дно кое СДСМ не може да го пробие. Медиум под контрола на власта во континуитет шири лажни вести по насока на СДСМ и Зоран Заев. Профитерот Заев шири лажни вести и ја злоупотребува кризата со корона вирусот за да ја сокрие неспособноста. Штабскиот пара портал „Фронтлајн“ продолжува да шири паника во име на СДСМ.

Сликата која порталот Фронтлајн ја објавува и ја презентира како да е сликана вчера е фотографија која е направена пред најмалку една година и е далеку порано од пред започнување на кризата со коронавирусот..

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги почитува препораките на СЗО и дејствува во согласност со најдобрите здравствени пракси за справување со коронавирусот – мерки, кои преку партиските прес-конференции и се предложени и на власта со цел општа имплементација.

Очигледно е дека СДСМ не може да го помине денот без да шири омраза и паника преку лажни вести, па дури и кога граѓаните се во грижа и страв како најбезбедно да го поминат периодот, тие не пропуштаат прилика да ја манипулираат јавноста.

Ова покажува дека профитерот Заев е спремен на се само за да ја сокрие неспособноста на владата која е видлива во секое поле“.


Од истата категорија