Денешната прес-конференција на СДС е обид да се сокрие криминалот каде што Трајан Димковски во периодот од 2019-2021 година заедно со други 4 службени лица, направил отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност близу 800.000 евра. И наместо да одговорат дали овие пари завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Николовски, тие манипулираат и шират невистини во јавноста, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција на СДСМ.

Исто така, не може да се сокријат и сомнителните договори, унапредувањата на партиски луѓе без согласност на Министерство за финансии. Јавноста нема ниту да заборави како Љупчо Николовски од позиција на министер, незаконски поделил 80 милиони денари во вид на грантови на мали винарии.

СДС е најубаво да молчи кога станува збор за лозарството. Грижата на СДС за лозарството се виде кога тие беа на власт, површините под лозови насади тогаш опаднаа, а родот завршуваше на буниште поради ниските откупни цени.

Оваа година секое едно зрно грозје беше откупено. Имено, повеќе од 115 милиони килограми грозје беше откупено, што е многу повеќе од претходните години.

На владина седница е донесена одлука за дополнување на програмата за интервентен фонд со мерка за доделување на финансиска поддршка за откупен килограм грозје бидејќи винарските визби откупуваа до последно зрно грозје и имаат направено залихи кои што не ги планирале. Во Програмата е уредено винарските визби кои што крателе 8% на лозарите, да не можат да ја користат владината помош. Мерката се однесува само за периодот од 17.09.2025 до 31.10.2025, поради зголеменото производство и откуп.

Манипулациите на СДС веќе не поминуваат, да беа толку загрижени, немаше вчера да бегаат од пратеничките прашања, туку директно ќе поставеа прашање до министерот Трипуновски.

Време е СДС да си погледне во својот двор и да си ги решат своите внатрепартиски проблеми.