Власта на СДСМ не успеа да се справи со пандемијата создавајќи тотален хаос во државата. Без ни малку срам ги извисија студентите за домашна платежна картичка затоа што дел од нив останаа без денар доделен од Владата. Група од околу 550 студенти на УКИМ кои иако ги исполнуваат критериумите не добиле платежни картички.
Ова се истакнува во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
– Како може МОН во време на најмодерна технологија да нема основен регистар со број на студенти во државата? Наместо постапката на објавување да биде целосно транспарентна за на списокот да не се најдат некои што не требало да се таму очигледно власта свесно пред избори изврши класичен поткуп. Власта го крши уставното право сите студентите да имаат еднакви можности за добивање финансиска помош од државниот буџет во услови на пандемијата. Со тоа Власта докажа дека платежната картичка за купување домашни производи е класичен поткуп. И претходно апелиравме дека делењето на картички и ваучери е предизборен поткуп на купување гласови. Институциите веднаш да одговорат на приговорите на студентите и да им овозможат тоа што го ветуваа пред избори. Власта предводена од СДСМ свесно со поткупот за жал го поткопува образованието, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.