„СДСМ зад себе остава уште една промашена година на економски план. Растот на БДП за кој што не убедуваа дека ќе биде со ставка од 5, 6 или 7% е далеку помал и еден од најмалите во регионот и Европа.
Странски инвестиции во државата речиси и да нема. Затоа споредено со останатите земји во регионот, нивото на странски инвестиции пер капита е убедливо најмало и изнесува 24 евра, во ситуација кога Србија има 543 евра, Словенија 280 евра, а соседна Бугарија нешто повеќе од 40 евра.
Вработување во Македонија добиваат само оние кои што имаат роднини високи функционери во власта, а сите останати или треба да преживуваат или ја бараат среќата надвор од државата.
Над 500 илјади луѓе живеат под прагот на сиромаштијата, 70% од граѓаните земаат плати помала од просечната, 47% од младите се невработени а 80% сакаат да ја напуштат државата, додека пак јавниот долг ја надмина психолошката граница од 50% од БДП.
Единствена светла точка во економијата се странските инвестиции кои беа договарани во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Продолжениот ефект на тоа што владата на ВМРО-ДПМНЕ го направи се чувствува и ден денеска, како од аспект на извозот така од аспект на производство, зголемување на вработеноста и природен раст на плати.
Неспособната власт на СДСМ, не направи ништо во економијата да дојде до забрзано движење и подобрување. Напротив тие сега се обидуваат во пресрет на изборите со гол популизам и интервенционизам да го ублажат поразот на претстојните избори кој што ќе биде резултат на незадоволството на граѓаните од нивните погрешни политики. Се што фатија, се исушија. Економската обнова на Македонија ќе следи после 12 април.“
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ