ВМРО-ДПМНЕ со демант по повод изјавата на Оливер Спасовски за „Алџезира“ во која зборуваше за случаите со фалсификат пасоши која е актуелна во последните денови.
„Во изјава за Ал Џезира Спасовски изјави: Слушам во изјавите кои ги даваат деновиве дека станувало збор за една патна исправа која е издадена на 29 јануари, 2019 година. Па, кој беше тогаш министер?“- праша Оливер Спасовски.
На 29 јануари 2019 министер е Спасовски, и тој го издал пасошот на наркобосот Валид Иса Хмаис.
Или Спасовски не знае во која година живее, или намерно сака да манипулира.
2019 година министер е Оливер Спасовски. Изборите и техничка влада е 2020 година. Нема лек за лагите на Спасовски евидентен доказ дека е извор на лажни вести и главен логистичар на мафијата.
Тоа што денеска проба да се вади на Чулев покажува дека му е повеќе од јасно дека е виновен и дека е фатен во криминал до гуша.
Колку и да се труди да манипулира и колку и да прета, одговорност ќе има.“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.