Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Викторија Аврамовска Мадиќ не била секретар на град Скопје и не постоел судир на интереси за „Армор плус”, чиј сопственик е нејзиниот зет, одговори ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на Град Скопје.

Партијата денеска обвини дека зетот на секретарот на Град Скопје, Мадиќ, добил тендери од 10-тина милиони денари, па стапување на новата градска власт. Град Скопје одговори со тврдењето дека истата фирма добивала поголеми тендери во време на ВМРО-ДПМЕ, по што следеше оваа реакција на опозиционата партија:

Дали и колку од овие пари завршиле кај новиот „Рашковски” – Аврамовска Мадиќ и „Тендер Шилегов”?

Учеството на тендери на град Скопје и нивно добивање од страна на „Армор плус” во период додека Аврамовска Мадиќ е секретар на градот е класичен судир на интереси и фрла сомнеж за можна корупција.

Потребно е или Аврамовска Мадиќ да си поднесе оставка од позицијата или „Армор плус” да не конкурира на тендери распишани од градот Скопје и неговите претпријатија, врз кои Аврамовска Мадиќ, како секретар на градот има влијание и моќ.

Ја повикуваме ДКСК да го испита случајот со добивањето тендери од страна на „Армор плус” додека секретар на градот е Аврамовска Мадиќ. Одговорност мора да има. Никој не смее да е заштитен пред законите.