Владата на Република Македонија донесе Одлука за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на национално ниво поради недостиг на истата и состојбите на пазарите на електрична енергија, која стапи на сила од 01.09.2022 година во траење од 30 дена. Веќе без сомнение може да се констатира дека СДС и раководството на АД ЕЛЕМ/ ЕСМ се директни виновници за оваа кризна состојба во која се наоѓаме. Сето ова се потврдува, со нестручното, непрофесионалното и недомаќинското работење на раководството на АД ЕЛЕМ/ЕСМ.
Замислете, во ваква енергетска кризна состојба АД ЕЛЕМ поради лошото планирање на производството и ненавремените ремонтни активности во ХЕЦ Глобочица овие денови се случува прелив, односно водата од хидроакумулацијата се прелива без притоа да произведе ниту еден кWh електрична енергија!
Во прилог е табелата на која јасно се гледа колку вкупно метри кубни во секунда се прелеани од хидроакумулација Глобочица без да биде произведена електрична енергија.
Ова е недозволиво да се случува во нормални услови, а не пак во енергетска кризна состојба!
ВМРО-ДПМНЕ бара итна оставка од раководството на АД ЕЛЕМ/ ЕСМ!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ