За кланицата од 11 мртви и 185 заразени се виновни Венко Филипче и Зоран Заев.Филипче и Заев неспособно менаџираа со кризата и придонесоа да ни се случи втор пик уште во јуни. Заев и Филипче не можат да се справат со уште еден пик на коронавирус кој би се случил наесен, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија со СДСМ само тоне. СДСМ ќе ја задолжи државата за над 1 милијарда евра, само поради лошиот начин на менаџирање со коронавирусот. Поради Заев и Филипче болниците се преполни, во услови кога цел регион нема корона и по неколку недели. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, пишува во соопштението.