Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ
-На Клиниката за гастроентерохепатологија чекањето за одредени дијагностички интервенции за време на реконструктивниот зафат се чекаше и подолго од 5 месеци
-Ова во одредени случаи може да значи задоцнета дијагностика, особено кај малигните заболувања, односно ненавремено нивно откривање а подоцна и соодветен и навремен третман
-На пример, за да дојде пациентот до колоноскопија со анаестезиолог листите на чекање на оваа Клиника се и до осум месеци. За гастроскопија се чека до два месеци. Овие информации со Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ги споделуваат пациенти кои се соочиле со недостиг на термини на Клиниката
-За време на реконструктивниот зафат, пациентите кои имаа потреба од третман на оваа Клиника беа пренасочувани и упатувани во другите установи
-Со ваквата лоша организација, пациентите всушност беа директно упатувани од свој џеб да плаќаат за овие здравствени услуги во приватното здравство
-Пациентите продолжуваат здравствените услуги наместо во нов, да ги добиваат во стар објект, а не се реновирани ниту заедничките чекална на првиот ниту на третиот кат, каде што пациентите чекаат во ладни ходници и нехумани услови. Тие ходници и чекални ги делат пациентите на УК Гастроентерохепатологија, УК за нефрологија, УК за пулмологија и УК за Ревматологија