Со Зоран Заев Македонија не може да има европска иднина. Неговото владеење е хибриден режим, а Македонија е на врвот по корупција во Европа. Заев е заштитник на криминалот, корупција и рекетот во државата. Заев е политичар кој што од европски вредности поразбира само евро за Вицето, евро за црквата. Нема европска земја каде постои сомнеж дека куфери полни со милиони евра завршувале кај премиерот и неговиот брат.
Тоа го гледа и европската јавност. Затоа денес Заев е изолиран политичар. Сите знаат дека тој е капо ди тути капи на сите рекетарски и корупциски шеми во државата.
Народот, пак во Македонија секогаш кога ќе го чуе Заев како зборува за датум за почеток на преговори со ЕУ, ја има пред себе сликата како тој честиташе датум уште во 2018 година, датум кој до ден денес се уште го нема.
На Заев веќе никој не му верува. Тој е исплашен и очаен политичар. Очаен е затоа што знае дека ќе изгуби, а исплашен е затоа што знае дека после тоа ќе треба да одговара.
СДСМ и Заев покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ