Власта се подготвува за попис во април,а опозицијата од утре ја почнува постапката за негово одложување. Формалното собирање потписи од граѓаните ќе почне следниот месец. Прво треба да се соберат 100 потписи во подрачните единици на ДИК, тие да ги поминат собраниските филтри и да биде известен спикерот Џафери. Потоа, се преминува на постапата за собирање 10 000 потписи, а тоа ќе започне на почетокот на март.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека попис во услови на пандемија е ризик за здравјето на граѓаните. Потсети дека повеќе држави го одложиле пребројувањето. Повика власта ако инсистира сепак да спроведе електронски попис. Комбинираниот метод според Мицкоски не е решение бидејќи во тој случај попишувачите повторно ќе треба да тропнат на вратата на граѓаните.
“Хрватска го одложи пописот соседна Бугарија го одложи пописот, Србија го одложи пописот, Сојузна Република Германија го одложи пописот, Романија бидејќи на нив животите на граѓаните им се мили за разлика од нашата влада животите на граѓаните не им се мили, тие се луѓе кои што се подготвени и врз живи луѓе да газат само да дојдат до својата цел а тоа е како да го пљачкаат сопствениот народ. Ние како ВМРО–ДПМНЕ апелираме и јас како човек како граѓанин во оваа држава апелирам да не го прават тоа затоа што нема ништо поскапоцено од животот на еден човек. Ништо нема да смени ако ние го одложиме пописот за некој месец плус или минус. Дали бил комбиниран или дали бил само теренски, свесно го туркаат народот во едно апокалиптично сценарио”, вели Мицкоски.