Можеме само да замислиме колку децении ќе им требаат да изградат нова.
Зградата во која денес се всели министерството за политички систем е започната со градба во 2015 година, а беше спремна за вселување уште 2017 година. СДСМ чекаше буквално 4 години, можеби со мисла дека народот ќе заборави дека истата е градена во време на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ од инает не влегуваат во нови згради, затоа што тие се градени од ВМРО-ДПМНЕ, а од инаетот на СДСМ страдаат вработените во институциите, граѓаните и буџетот.
Tоа што ВМРО-ДПМНЕ го изгради, Заев не може да го искречи.
Власта плаќа кирии за стари објекти, повеќе пари за греење и други трошоци затоа што Заев не може да се помири со фактот дека ништо не направил.
Четири години имаме општа стагнација, но и после 4 години единствено добра работа што е направена е направена од ВМРО-ДПМНЕ.