Пет напади од кучиња на граѓани се регистрирани во денешниот билтен на МВР, а меѓу искасаните се 8-годишно девојче од Скопје и малолетник од Куманово, на кого му била укажана лекарска помош во кумановската болница.
На 02.06.2020 во 16.40 часот во Полициската станица Чаир, И.Џ.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„Петар Манџуков“ нејзината осумгодишна ќерка била касната од куче скитник.
Б.Ј.(64) од Скопје вчера во 21.50 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ бил каснат од куче скитник.
Во Полициската станица Ѓорче Петров вчера во 22.30 часот Т.С.(41) Скопје пријавила дека нејзината 14-годишна ќерка била касната од куче скитник на ул.„Кичевска“.
Во Полициската станица Куманово вчера во 20 часот било пријавено дека околу 18.50 часот на патека на ул.„Лесковачка“ во Куманово малолетник, кој бил заедно со неговата мајка М.М., бил каснат од куче кое било без заштитна корпа, сопственост на непознато лице.
Малолетникот бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.
На 02.06.2020, Г.М.(29) од кичевското село Зајас во полициска станица пријавил дека на ул.„4 Јули“ во Кичево бил нападнат од куче скитник во пределот на левата нога.