Разни рецепти и лекарства им се нудат на очајните луѓе кои потоа кружат на интернет и социјалните мрежи.
„Во неверојатните ефекти и лековити својства пациентите ги уверува и докторка чие име е Дафина Беловска. Се објавува цело интервју со неа, во форма на прашања и одговори. Докторката се вели дека е ендокринолог од Скопје, со 30-годишно искуство. Но, таква лекарка не постои“, пишува весникот Слободен печат.
Во пообемниот текст за овој проблем весникот пишува:
„Секој дијабетичар скапува одвнатре и умира во агонија, спасете се себе си и вашите најблиски“, почнува рекламата за препарат кој на интернет се претставува ако лек за дијабетес. На препаратот му се препишуваат многу лековите својства. На амбалажата на препаратот пишува дека е суплемент односно додадок во исхраната, додека во рекламата цело време се именува како лек. Иако за науката дијабетесот се уште се смета за болест која не се лекува, односно состојба со која може квалитетно да се живее ако добро се контролира, сепак „чудесниот препарат“, ги побива овие тврдења.
Пациентите реагираат и прашуваат каде да се пријават вакви измами. Велат дека лакомоста нема граници и е на грбот на пациентите.
– Некој треба да излезе и да каже дека овие информации не се точни дека ова не е лек и да поведе соодветна постапка за казнување – реагираат дијабетичарите.