„Сите можеме да научиме лекција од дедо Џо“, заклучи внуката.
Постарите луѓе честопати не учат важни животни лекции. Целата мудрост што тие ја насобрале низ годините може да ни помогне да започнеме да ги цениме работите што навистина се важни во животот, како што се најблиските.
Неодамна, таков пример стана вирален кога внуката Алеша Немечек реши да сподели емотивна приказна за нејзиниот дедо, кој им покажа на сите дека дури и после многу години брак, тој сè уште се сеќава на омилените работи на неговата сопруга со кои и покрај здравствените тешкотии, се обиде да ја изненади.
„За сите кои не знаете, мојот дедо Џо има 85 години, во прекрасен брак со баба ми веќе 60 години, но сеќавањето му пропаѓа и станува се „побавно “. Денеска, тој ме замоли да го одведам во Волмарт оти сакаше да излезе од дома. Благодарна сум што ме праша, затоа што тој не треба да вози. Исто така, мислев дека е добро баба ми во куќата да биде накратко сама и да не мора да се грижи за дедо ми“, пишува Алеша.
„Го гледав со неговиот стап во рака, правеше мали чекори низ Волмарт. Немав појма што има на памет, мислев дека сака да излезе од дома на неколку часа, но гледајќи го што става во корпата, забележав дека тоа се сите омилени работи на баба ми. Зема шише со омилениот сок на баба ми, внимателно одбра торба од нејзиното омилено грозје, дури и купи и мала пита со лимон, а потоа очите ми се насолзија кога несмасно тргна кон цвеќињата и одбра букет во кој имаше најмногу виолетова боја. На патот кон дома, тој инсистираше да застанеме и да земеме сендвич за да и го однесеме на баба ми за ручек “, продолжи таа.
„Сите можеме да научиме лекција од дедо Џо“, заклучи внуката.