Без големи промени во 2019 година е бројот на жители во Грција, споредбено со една година претходно, согласно податоците што денеска ги објави грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.

Бројот на жители е 10.718.565, за 40.473 лица или 0,06 отсто помалку во однос на 2018 година.

Во текот на минатата година поголем е бројот на починати граѓани (124.101), наспроти 83.628 новородени, а најголемиот дел, 63,5 отсто од населението е на возраст од 15 до 64 години, додека пак 12.137 жители се на возраст од 100 или повеќе години.

Од населението во Грција, 5.503.077 се жени, а 5.215.488 мажи