Кинеските научници утврдиле дека во 44 отсто случаи, вирусот се пренесува пред да се појават првите симптоми кај заразениот.

Тоа значи дека практино, половина од заразените не знаат дека се носители на вирусот и непречено заразуваат други. Оттука, го наведуваат значењето на ограничување на социјалните контакти.

Според искуствата на кинеските научници, токму во моментите пред појавата на првите симптоми, заразениот поседува максимален број честички од вирусот и е најинтензивен во нивното пренесување, пишуваат од Медицинскиот универзитет во Гуанжоу и од Универзитетот во Хонгконг, а публикувано во статија во електронската библиотека MedxRev.

Инаку, уште во јануари, кинеските научници предупредија дека според нивните сознанија, вирусот лесно се пренесува и пред појавата на симптомите.