Зборот окупатор, „административен или фашистички“, лесно се бруси од спомен плочите и спомениците, а тоа го потврди и премиерот Зоран Заев во неодамнешното интервју за бугарската агенција БГНЕС.
Но, од фотографии и документи, тешко се бриши „административниот или фашистички“ поздрав. Тоа нема да успеат ни дијамантски брусилки на власта.
Фотографијата што ја реобјавуваме е од фудбалскиот натпревар меѓу Левски од Софија и Македонија одигран во Скопје во 1943 година.
Бидејќи „една фотографија кажува колку илјада зборови“, погледнете ја и видете ја историската приказна за „администраторите“. Фудбалерите со подигната рака се од Левски.
Според приказната за овој натпревар е снимен и македонскиот филм „Трето полувреме“ кој предизвика револт во Бугарија.
(Д.Г.)