Природниот прираст на населението во Албанија, во последните пет години, се намалил за 2,3 пати.
Последните официјални податоци на Институтот за статистика(ИНСТАТ) покажуваат дека разликата помеѓу наталитетот и морталитетот се стеснува со застрашувачка стапка.
-Во Албанија минатата година се родиле 28.561 бебе, а регистрирани се 21.937 смртни случаи. Ова потврдува дека природниот прираст на популацијата, пресметан како разлика помеѓу раѓањата и смртните случаи е само 6.624 лица,стои во извештајот на ИНСТАТ.
Според оваа институција, ова е најниската стапка на природен прираст на популацијата забележана во последните 100 години, откако Албанија вовела демографски регистар.
Сатистичките податоци покажуваат дека во 2014 година, природниот прираст на населението во Албанија бил над 15.000. Но, овој показател постојано опаѓа, од година во година, за да минатата година изнесува 6.624 лица или за 2,3 пати помалку отколку во 2014 година.
Падот на природниот прираст на популација е директно поврзан со падот на раѓања. Податоците покажуваат дека во однос на 2014 година, бројот на раѓања се намалил за повеќе од 7.000, додека бројот на починати останал речиси константен. Иако земјата продолжува да има позитивен природен прираст на популација,значи бројот на раѓања регистрирани за една година е поголем од оној на почнати, сепак бројот на населението се намалува,констатира ИНСТАТ.
Според истиот извор тоа поради масовната миграција,која продолжува сонесмалена днамика.
„Се проценува дека годишно во просек 40.000 албански граѓани ја напуштаат Албанија, многупати повеќе од природниот прираст на населението, поради што вкупното население продолжува да се намалува,наведува Топ чанел.