Генетски модифициран лосос пристигнува во продавниците во САД, но не доаѓа од најголемата сојузна држава за одгледување на лосос, туку од Масачусетс.
Компанија Аква баунти технолоџи од Масачусетс изјави дека продавниците може да почнат да продаваат генетски модифицирани риби до крајот на 2020 година.
Овој вид риба е модифициран со додаден ген на друга риба за да порасне двојно повеќе од обичниот лосос.
Компанијата модифицирала лосос од Атлантикот, вид кој е столбот на светската индустрија за лосос.
Најголемиот производител на класичен лосос од Атлантик во САД е Мејн, кој произведува околу 15,9 милиони килограми лосос годишно, а во моментов е во процес на одобрување на две нови фарми за лосос.
Меѓутоа, фармерите во Мејн воопшто не ги земаат предвид можностите за производство на генетски модифицирана риба, изјави извршниот директор на Здружението на аквакултура на Мејн, Себастијан Бел, истакнувајќи дека многу услови треба да се исполнат пред тоа да се промени.
„Ние немаме интерес за одгледување на ГМО лосос, но го задржуваме правото да ја преиспитаме оваа позиција”, рече Бел.
Лососот на компанијата Аква баунти е прво генетски модифицирано животно кое е одобрено да го користат луѓето, а освен во САД, неговата употреба е дозволена и во Канада.