Полицијата во Амстердам уапси 130 активисти на движењето „Бунт против истребување“, бидејќи  со часови го блокирале мостот во центарот како дел од светската недела на граѓанска непослушност, со која бараат мерки  за климатските промени.

Активистите биле ослободени по кратко време, но секој од нив ќе мора да плати казна од 380 евра, затоа што не им било дозволено да го затворат мостот.

Поддржувачи на движењето се уапсени и во Лондон, при што британската полиција соопшти дека се уапсени 28 активисти кои се обиделе да го блокираат влезот ворибарницата Билингсгејт во Источен Лондон.

Во раните утрински часови демонстрантите седеле пред влезот на најголемиот пазар на риби во Велика Британија, додека полицијата се обидувала да ги спречи во тоа.

Патем, полицијата соопшти дека уапсила речиси 1.300 припадници на Движењето од минатиот понеделник.

Британскиот „Скај њуз“ пренесува дека меѓу уапсените била и белгиска принцеза Есмералда, која живее и работи како новинарка и документарец во Лондон.

Таа ја објави веста за нејзиното апсење на Твитер и наведува дека е ослободена, но сè уште е под истрага.