Тројца австриски наставници кои упорно одбивале да носат маски ФФП2 се отпуштени, објави денеска весникот „Кронен Цајтунг“.
„Направен е голем напор да се убедат да се придржуваат до хигиенските и превентивните мерки, но се беше залудно“, соопшти Министерство за образование.
На 25 јануари, Австрија ги заостри правилата и побара да се носат маски ФФП2, кои филтрираат честички, наместо претходно дозволените памучни маски.
Во Швајцарија, во меѓувреме, на купувач кој одбил да носи маска му било забрането да влегува во трговскиот ланец „Мигрос“ за пет години.