Парламентот на Австрија одобри нацрт-закон кој ќе им овозможи на властите привремено да ги конфискуваат автомобилите на луѓето фатени како возат далеку над дозволената брзина.

Австриските пратеници вчера го одобрија предлог-законот. Со него се предвидува привремено одземање на автомобилите на лицата кои ја надминуваат дозволената брзина за повеќе од 60 километри на час во населени места и повеќе од 70 километри на час на приградските патишта.

Во случај на повторени прекршоци, автомобилите може трајно да се одземат и да се продаваат на аукција.

Мерката се очекува да стапи во сила во март 2024 година.