Тајланд користи различни методи за борба со загадувањето на воздухот што достигна исклучително високо ниво во главниот град Банкок.
По наредба на властите, водени топови ифрлаа водени струи во воздухот, а авиони за предизвикување дожд се обидуваат да создадат дождовни облаци над Банкок. Кралските воено-воздушни сили обезбедија неколку авиони кои фрлаат вода над градот за да се прочисти смогот.
Концентрацијата на штетни честички во Бангкок е 100 микрограми на кубен метар, што е двојно повеќе од безбедната граница.