Педесет и четири годишниот Марк Блумфелд, поранешен волонтер и помошник на Мајка Тереза, починал откако бил претепан во бар во Велс, во Велика Британија.
Блумфелд на 18 овој месец учествувал во тепачка во бар, каде добил сериозни повреди и завршил болница, каде починал во саботата на 20 јули.

Блумфелд за време на неговиот престој во Индија основал кампови, каде сиромашните добивале лекарска помош и отворал училишта за девојчиња, кои во тоа време немале право на образование.

За време на неговиот престој во Африка, како што тврди неговото семејство, помогнал при организирањето за набавка на авиони со кои се ловеле ловокрадците. Како помошник на Мајка Тереза работел во нејзината мисија и лично се грижел за неа.

Во врска со тепачката во Велс, полицијата уапси 61- годишен маж за нанесување тешки телесни повреди. Осомничениот останува во притвор до 19 август, кога е одредено првото сослушување во судот во Велс.