Нов протест „1 од 5 милиони” се одржа вечерва во Белград, а на почетокот беше прочитано писмо од студенти на ФПН, барајќи оставка од министерот за образование, Младен Шерчевиќ, бидејќи професорите, кои го поддржаа протестот, ги нарече несериозни.
-Свесни сме дека многу млади со факултетски дипломи ја напуштаат земјата. Ни го одзедовте достоинството, осквернивте сè што професорите нè учат, а вашиот министер (Младен) Шрчевиќ сите тие професори ги нарече со несериозни имиња и затоа бараме негова оставка, стои во писмото, кое го прочита еден од организаторите Миодраг Симовиќ.
Студентите од ФПН ги повикаа другите студенти од Универзитетот во Белград и другите универзитети во Србија да им се придружат и да се побунат против власта на Александар Вучиќ.
Собраните на протестот носеа транспаренти со натписи „Ние сме со народот, а не со сегашните и идните крадци”, „Доста ветувања и лаги, пензионери се гладни“, а на разглас се слушаше песната „Излези и бори се“.
Протестите почнаа кон крајот на ноември во Крушевац поради напад на еден од лидерите на Унијата за Србија, Борко Стефановиќ и двајца активисти, и продолжија секоја сабота во Белград