Неколку стотици граѓани се собраа нешто пред 18 часот во центарот на Белград на протест против прифаќањето на германско-францускиот план за Косово. Насобраните носат голем транспарент со натпис „Косово е срцето на Србија“.
Видливи се транспарентите „Нема предавање“, „Кој ќе го предаде Косово ќе ја предаде Русија“, а организаторите пуштаат патриотски песни.
Десничарски и патриотски организации повикаа на протест во претходните денови – јави Бета.