Ресторанот од синџирот на познатиот британски готвач Џејми Оливер „Jamie’s Italian“ наскоро ќе биде отворен во Белград.
Овој познат ресторан ќе биде отворен во белградскиот кварт Елта, поточно во Белград на вода, на улицата Херцеговачка, стои на официјалната веб-страница на „Jamie’s Italian“.
„Горд сум на Италијанецот на Џејми. Нашиот одличен тим е како големо семејство – тие ќе се грижат за вас додека уживате во вкусна храна, подготвена од извонредно избрани состојки. Одлична храна, одлична енергија и прекрасна атмосфера”, е изјавата на Џејми Оливер на официјалната веб-страница ресторани.
Да потсетиме, во 2017 година познатиот готвач Џејми Оливер затвори шест ресторани од ланецот „Jamie’s Italian“ во Велика Британија поради поскапувањето на состојките за италијанските јадења што ги подготвува, а се случи по Брегзит.
Како причини за затворање на дел од ресторанот, покрај поскапувањето на состојките, се наведени и трошоците за обука на вработените и пад на посетеноста.
Сепак, рестораните од синџирот „Jamie’s Italian“ продолжија да работат во странство, па се наоѓаат во Ирска, Бразил, Португалија, Унгарија, Кипар, Индија, Катар, Саудиска Арабија, ОАЕ.
Џејми Оливер стекна светска слава со своите ТВ емисии кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, во кои ги подготвуваше јадењата на брз и едноставен начин.
Автор е на неколку книги за готвење и сопственик на неколку синџири ресторани.