Во Берлин луѓето кои управуваат со електрични тротинети често возат пијани и предизвикуваат десетици несреќи, соопшти денеска полицијата.
Пред три месеци беше дозволена употреба на електрични тротинети на германските патишта.
Од 15 јуни, полицијата регистрирала 74 несреќи во Берлин, во кои 16 лица се тешко повредени, а 43 се лесно повредени.
Најчестите причини за несреќи биле погрешно управување, недозволено возење на тротоари и возење под дејство на алкохол.
Во 65 од 74 несреќи, виновни биле корисниците на електро-тротинетите.