Колку повеќе имате, толку повеќе сакате – со ова можеби ќе се согласат оние ретки членови на „златната младост“ за кои често знае да се каже дека се „родени со златна лажица во устата“, а еден од нив е младиот Индиец кој е деновиве стана главна вест во светските медиуми.

Имено, Индиецот имал само една желба за роденден – сакал нов автомобил, но не каков било, затоа што предвид доаѓал само Јагуар, што младиот човек им го напоменал и на своите родители.

Но, тие му купиле БМВ.

Фрустрираниот Индиец од северната провинција Харајана, во налет на бес, го турнал својот автомобил во реката и оставил да потоне.
Но, синот на богат локален земјопоседник подоцна се предомислил, и се обидел да го спаси возилото во вредност од околу 51.000 евра, извлекувајќи го од водата. Погледнете го видеото.