Во село во близина на Москва денеска беше откриено безживотно тело на поранешниот заменик-началник на Главната управа за борба против екстремизмот при Министерството за внатрешни работи на Русија, генерал-мајор Владимир Макаров. Органите на редот денеска соопштија дека генералот се самоубил.
„Инцидентот се случи утрово. Телото на 72-годишниот поранешен заменик-началник на Главната управа во МВР за борба против екстремизмот, генерал-мајор Владимир Макаров, е пронајдено во неговата вила во московското село Голиково. Според прелиминарните податоци, станува збор за самоубиство“.
Во јануари, генерал-мајор Макаров беше разрешен од должноста заменик-шеф на Главната дирекција за борба против екстремизмот на МВР на Русија.