Информациите од терен говорат дека набљудувач од опозициска партија денеска бил нападнат и истепан од страна на активисти на две партии од власта. Инцидентот се случил во избирачко место во село Бојане во Сарај.
МВР негира дека имало насилство. За порталот Курир велат дека околу 16 часот било пријавено дека на избирачко место во с.Бојане, Сарај набљудувач Р.Д. сакал да влезе на избирачко место, но тоа не му било дозволено од избирачкиот одбор, односно бил спречен од членови на избирачкиот одбор да присуствува на гласачкото место. Гласањето не е прекинато. Полициски службеници се упатени на местото на настанот за расчистување на случајот.
Излесноста во Сарај на вториот круг од изборите за избор на градоначалник е доста ниска. Според ДИК, до 15 часот на гласање излегле 15,85 отсто од регистрираните гласачи во Сарај. Во првиот круг до 15 часот таму гласале 23,07 отсто гласачи.