Во болнички услови вчера почина 72-годишен затвореник од Казнено-поправниот дом „Идризово“, информираат од Управата за извршување на санкции (УИС).
– Починатиот затвореник се пожалил на потешкотии во дишењето, по што веднаш со специјално возило бил однесен во болница. Тој претходно не се пожалил на какви и да е други симтоми, но се работи за лице кое имало тешка форма на дијбетес, поради што му била ампутирана ногата. При приемот во болница, 72-годишникот бил тестиран за Ковид 19, а тестот бил позитивен. За жал поради компликации тој починал, а телото е предадено на обдукција, соопштија од УИС.
Воедно, од таму изразуват жалење и истакнуват дека и затворите, како и речиси сите други установи се соочуваат со последиците и предизвиците од пандемијата на коронавирусот.
– Сакаме да истакнеме дека затворените и притворените лица редовно се тестираат и доколку е потребно се изолираат поради вирусот. Во затворите се почитуваат сите здравствени протоколи, излезите и посетите се забранети, а редовно се прави дезинфекција на просториите, посочуват од УИС.
Од таму уште информираат дека затворот Идризово постојано има медицински персонал кој ја контролира здравствена состојба на сите лица во установата.