Во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци е направена првата ендоскопска операција на тумор на мочен меур (Трансуретрална ресекција на тумор), минимално инвазивна хируршка метода која на пациентите им овозможува побрзо постоперативно закрепнување.
Операцијата е извршена од тимот специјалисти по уролошка хирургија Д-р Тони Нешковски и Д-р Диме Коцев, под менторство на Проф Д-р Јован Ивчев.