Градските власти на Брисел од индустријата за преработка на тутун побараа да се вклучи во подмирување на трошоците за собирање отпушоци од улици, бидејќи се се поголема количина од сметот во главниот град на Белгија.
Писмото било испратено до филијала на американскиот Филип Морис и две белгиски компании што произведуваат цигари – Симабел и Фетабел.
Властите бараат нивна соработка во покривање на трошоците од околу 200 илјади евра потрошени за собирање отпушоци од улици. Во Белгија дневно се фрлаат околу 10 милиони отпушоци, најмногу во Брисел и околината.