Повеќе од 40 проценти од возрасните во Англија се здебелиле за време на пандемијата, добивајќи во просек нешто повеќе од три килограми, покажаа резултатите од најновото истражување на Британскиот институт за јавно здравје.
Институтот анкетираше 5.000 луѓе, а оценката е дека заклучувањата поради пандемијата и нарушената дневна рутина имале негативно влијание врз одржувањето на кондицијата и здравата исхрана кај многу луѓе, пренесува Би-Би-Си.
Грицките и компулсивното прејадување имаат најголемо влијание врз дебелеењето.
Институтот затоа започна кампања „Подобро здравје“ со Националната здравствена служба, најавувајќи разни форми на поддршка при мотивирање на луѓето, како и помош во одржување на здравата тежина.