Според новиот наставен план, професорите и наставниците во Британија ќе ги учат децата за разни видови односи, интернет-безбедност и ментално здравје, објави Скај њуз.
Властите ќе додадат три нови предмети во наставната програма.
Во основното училиште ќе се учи за различни видови на односи меѓу луѓето, во средното – сите ученици ќе слушаат сексуално образование, а здравствената едукација ќе им се предава на децата од сите возрасти.
Во училиште на овие теми, ќе се учи за врската помеѓу физичкото и менталното здравје, важноста за доволно сон и престој на отворено, како и за ризикот од секстинг.
Децата, исто така, ќе слушаат за безбедноста на интернет; тие ќе зборуваат за тролови, за комуникација со странци и како да дејствуваат во ситуации во кои тие се чувствуваат непријатно.
Учениците над 11-годишна возраст ќе учат за осакатување на гениталиите, ризиците поврзани со споделување приватни фотографии на социјалните мрежи и како Интернетот може да промовира нездрава поглед врз сексуалниот однос, но и други емотивни односи. Промените ќе стапат во сила во 2020 година, а наставниците сами ќе одлучат колку често ќе ги одржуваат тие часови.