На денешниот настан Саем-Отчет „4 години работа за тебе“ се обратија градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски и градоначалникот на Општина Јегуновце Димитар Костадиновски.

Градоначалникот Илиевски истакна дека во општина Брвеница се реконструирани сите основни училишта, нова канализациона мрежа, инвестиции во механизација и 90% обновени патишта.

„Реконструирани се сите основни училишта, секое населено место доби терен со детско игралиште, летниковци и автобуски постојки, нова канализациона мрежа од 9.000 метри, водоводната мрежа е проширена, инвестиравме во механизација, обновени се 90% од сите патишта, до крајот на мандатот општина Брвеница комплетно ќе биде со нова инфраструктура завршена во целост“, рече Илиевски.

Градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски истакна дека проблемот со регулација на речното корито Вардар се надминати и решени.

„Тоа беше проблем децениски каде што граѓаните од општина Јегуновце посебно населените места кои се наоѓаат по течението на реката Вардар се реши проблемот со тоа што коритото на реката Вардар се исчисти и критичните места и критичните позиции беа поставени со камен каде што сега тоа стана минато и тој децениски проблем што беше регулација на речното корито Вардар се надмина благодарение на општината во соработка со Владата, се реши и тоа за мене претставува чест и задоволство што тој многу значен и крупен проект се реши во мојот мандат“, објасни Костадиноски.