Во Чачак на ЛЕД екраните низ градот е истакнато македонското знаме

/ 17.03.2025

Градот Чачак денеска истакна македонски знамиња на сите ЛЕД екрани и интерактивни тотеми со кои управува градот во знак на солидарност и сочувство во тага со граѓаните на Македонија по трагедијата во градот Кочани.

Покрај српското знаме, македонското знаме ќе биде истакнато утре и на сите јавни установи во градот.

„Сметаме дека на овој начин најдобро можеме да покажеме колку ни е тешко и жалиме што се случи таква трагедија. Ова е уште една можност да го изразиме нашето длабоко сочувство во името на сите граѓани на градот Чачак во врска со трагедијата што ги погоди нашите пријатели од Македонија“, рече Петковиќ во изјава за српски медиуми.

Тој додаде дека знамињата на Македонија ќе останат на ЛЕД екраните и интерактивните тотеми до сабота.


Од истата категорија