Здружението на родители Родителски фронт на 14 септември, в четврток, со почеток во 18 часот, на плоштадот во Струмица организира промотивен настан „За нашите деца“ – против родовата идеологија и пропаганда.
Од Родитлски фронт ги повикуваат сите одговорни и загрижени граѓани: родители, роднини, пријатели, познаници од општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево да ја потпишат петицијата „НЕ” за родовата идеологија во актите и документите во училиштата, а граѓаните на Општина Струмица да кажат и јасно “НЕ” за родовата идеологија во програмите и стратегиите во општина Струмица!
Со потпишување пристапници ќе имате можност со своите идеи и поддршка да се вклучите во редовите на нашата борба против родовата пропаганда и идеологија која родовите идеолози се обидуваат спротивно на постоечките закони да ја инфилтрираат во наставните програми во училиштата и животите на нашите деца.
Ги повикуваме директорите на училиштата, професорите, наставниците и целокупниот просветен кадар, како и советниците во Општина Струмица да се приклучат на овој гласен повик на РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ и да застанат јасно на Страна на Вистината!, се вели во соопштението на Родителски фронт.