На Меѓународниот ден на жената, Дебар не може да се пофали дека дебарската жена го добила заслуженото место, кога станува збор за раководни позиции.
-Иако Дебар одамна ги има надминато традиционаланите табуа за родова еднаквост, сепак вистинска реткост е жена да раководи со некоја институција. Многу жени се со високо образовение, поседуваат квалитети, познаваат странски јазици, но, за жал само една устаова има жена директор, вели Арбана Ќормемети, професор во дебарската Гимназија.
А таа „единствена“ е Ајрије Дачи, директорка на детската градинка „Брешија“.
-Секој во Дебар знае за огромната заслуга на Дачи, која градинката во Дебар ја транформира во вистинско катче каде децата имат идеални ислови за престој и воспитување, поради што се вбројува во најуспешните директорки во земјата, велат нејзините сограѓани.
Дека тоа е така потврдува и податокот дека во градинката се згржени 330 деца, а уште толку чекаат да бидат примени.
Дебар има три основни општински и едно средно училшта, но никогаш со нив не раководела жена.
Сепак, дебранки може да се пофалат со бројот на свои претставнички во Советот на Општната. Од 15 советници колку што брои, пет се жени, но, како што велат стигнале до тука благодарение на начелото во кандидатските листи да има жени и тоа на првите места на листите.